Коцијанчиќ: ЕК скрати 27 милиони евра од ИПА фондовите за Македонија
Европската комисија скрати нешто над 27 милиони евра од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за Република Македонија, поради недостаток на подготвеност и зрелост при планирање во клучните сектори за кои овие средства требаше да бидат наменети, потврди за МИА портпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчиќ.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, гласноговорничката на неформалната Влада на ЕУ, потврди и дека сопирањето на овие средства се должи и на неисполнување на општите реформски обврски на Македонија, како резултат на влошениот политички контекст во земјата.
- Последните неколку години, а посебно минатата година, ЕК во неколку наврати ја објасни својата загриженост до надлежните органи во врска со недостатокот на подготвеност и недостаток на зрелост во планирање во клучните сектори, како и недостатокот на политичка посветеност за реализација на потребните секторски реформи и погенерално на општите реформски обврски. Како резултат на тоа, Комисијата сега мораше да ја намали финансиската помош на ЕУ што беше предвидена за 2016 година, како и да одлучи да не продолжи со друг проект, истакна Коцијанчиќ.
Портпаролката на ЕК рече дека кратењата во програмата за 2016 година за Македонија ќе изнесуваат нешто над 27 милиони евра. Според неа, влијание на оваа одлука на Брисел има и политичката криза што веќе втора година и се случува на македонската држава.
- Влошениот политички контекст е една од причините зошто Владата и администрацијата, за жал, не беа во можност или немаа волја да ги исполнат обврските за реформа или да ја покажат потребната подготвеност да ги планираат потребните реформи или да ги имплементираат фондовите на ЕУ во овие области, додаде Коцијанчиќ.
Ново на Сител
-
Георгиев: Уставните измени само прв, но не и единствен услов за земјава
-
Ван Дајк: Мислам дека Ливерпул ќе биде способен да се бори за титулата и во годините што доаѓаат
-
Суарез: Би сакал да станам еден од најдобрите десет стрелци во историјата на фудбалот
-
Феникс Санс го отпуштија Буденхолцер по разочарувачката сезона
-
Најлошата сезона на Манчестер Јунајтед во историјата на Премиер лигата
-
Фудбалерите на Реал Мадрид добиваат високи бонуси ако го елиминираат Арсенал
-
Азиските берзи пораснаа откако Трамп најави дека ќе ги коригира царините за увоз на автомобили
-
Пријавен одрон на пат при удар од цистерна кај Велес, 1 841 повик на 112 во последното деноноќие