Кочо Андоновски: И јас не сакам да ги плаќам долговите на општините
Кочо Андоновски програмскиот директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка одговори на критиките на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кои излегоа откако Венко Филипче соопшти дека Фондот за здравствено осигурувње ќе ги покрива трошоците за оперативен зафат при промена на полот.
Димитриевски вчера на својот Фејсбук профил напиша:
„Прави со сопствениот живот што сакаш, сакај и менувај пол, лична одлука, но не на државна а уште помалку на моја сметка!
– Да се разбереме, не сум против лични слободи и права, маргинализирани групи и.т.н. ги почитувам и уважувам сите, но ова е веќе навредливо.
Во претставничката демократија законот е воља на мнозинството (ГРАЃАНИ), не лична желба на поединци!“.
На ова Кочо Андоновски денеска му врати:
„Монструозна е дехуманизацијата на транс луѓето која ја направивте вчера! едвај чекавте нешто за да го изблуете отровот, омразата, себичноста и нечовечноста!
а на „навредениот“ градоначалникот само ќе му кажам дека со парите кои ние ги плативме за да се покријат долговите од недомаќинско работење на општина Куманово, 3,5 милиони евра, со зборови: ТРИ И ПОЛ МИЛИОНИ ЕВРА! ќе се покриваа операции во следните 100 години! а со парите што ги плативме за да покриеме долговите на сите општини – ќе се покриваа операции во следниот милениум!
ЈАС НЕ САКАМ ДА СЕ ПЛАЌААТ ДОЛГОВИТЕ НА ОПШТИНИТЕ СО МОИ ПАРИ, НЕ САМО ШТО Е НАВРЕДЛИВО, ТУКУ Е И КРИМИНАЛНО!“, напиша Андоновски.

Ново на Сител
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
