Кочанските пожаникари апелираат да се внимава со палење оган на отворено

Поради високите дневни температури Територијалната противпожарна единица на Кочани денеска излезе со апел до граѓаните да внимаваат со палењето на оган на отворено и при вршење на жетвените активности. Особено да се внимава и на исправноста на плинските уреди на моторните возила.
- Приоритет за оваа година ни е превентивно да дејствуваме на предизвикување пожари на отворено, особено кога земјоделците ги извршуваат жетвените активности кај јачменот и пченицата, а во планинаскиот терен и на ржта, изјави Дејанчо Арсов, командир на ТППЕ Кочани.
Арсов посебно ја истакна нивната превентивна улога во едуцирањето на населението од планинските села во Осоговијата за заштита од пожари, доколку дојде до нив, но првенствено да не се пали оган на отворено и како да се заштитат имотот, куќата и стоката. Тој апелираше и на совесно однесување на граѓаните при движење во шумските региони или при викенд престој во планина.
Годинава, истакна Арсов, се регистрирано два помали пожара во шума. Од почетокот на годината ТППЕ од Кочани учествувала на 64 интервенции од кои половината биле на отворен простор од кои 31 во општина Кочани, две на територијата на општина Чешиново – Облешево и една интервенција на пожар во општина Зрновци.
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
