Кочански „Водовод“ започна со отпишување камата на неплатените сметки
Управниот одбор на комуналното претпријатие „Водовод“ од Кочани донесе одлука со која на сите корисници на услугите кои имаат заостанати сметки за потрошена вода им се одобрува да го платат долгот без пресметаната камата за задоцнето плаќање.
Според одлуката, оваа можност не важи за органите на државната и локалната власт, како и за другите државни органи основани согласно со Уставот и со закон. Во ослободувањето не се вклучени и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а се организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија, како и за Општина Кочани.
– Можноста да се плати долгот без пресметана камата е со определено времетраење, односно до 21 декември годинава. Сметаме дека ова е во интерес и на граѓаните кои должат, со што вкупнот долг ќе им се скрати, а од друга страна е и во интерес на „Водовод“, бидејќи очекуваме тоа да придонесе за зголемување на наплатата на сметките за комунални услуги, истакна Андреј Киров, директор на КЈП „Водовод“.
Законските мерки превидуваат физичките лица со неплатени сметки од „Водовод“, да добиваат тужби секоја година, а правните на секои три години.
Податоците на кочанското комунално претпријатие покажуваат дека списокот на домаќинствата што должат е подолг во однос на бројот на правни лица.
Ново на Сител
-
Вучиќ се приклучи на Движењето за народот и државата и ги повика и граѓаните да го сторат тоа
-
Приведен малолетник кој уценувал маж во Битола
-
АХВ со стручни обуки за царинските службеници за контрола на лиценциран багаж и миленици
-
Рубио: Се надевам на скоро дипломатско решение за завршување на војната во Украина
-
Хајди Клум, со својот фустан, ги прекрши правилата на Филмскиот фестивал во Кан
-
Појавата на проширени вени можно поврзана со развој на деменција
-
Реткиот „Медитеранско син“ дијамант од 10,03 карати продаден за 19,2 милиони евра
-
Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер утре во Скопје