Кочани и вечерва со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“

Граѓаните на Кочани и вечерва со мирен протест ја поддржаа граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Тие се против редефинирање на државата и против секакви делби по етничка основа.
На учесниците на протестот им се обрати претседателката на Македонското патриотско здружение „Славчо Абазов“ од Кочани Славица Арсова која ги изложи определбите на нејзината организација, како и на граѓаните на Кочани кои се против бинационална држава.
- Сакаме унитарна држава. Ја сакаме Македонија таква каква што е, држава во која ќе можеме слободно да живееме, да се образуваме на наш македонски јазик, а не како што е заложбата на СДСМ и на Зоран Заев за воведување на албанскиот јазик како втор службен јазик во државата, рече Арсова.
Таа потенцираше дека остануваат на заложбите да се сочува унитарноста на државата, а се против тиранската платформа која, како што рече, нуди распарчување на земјата.
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и утре ќе одржи протестен марш низ улиците на Кочани.
Ново на Сител
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
