Македонија
19. јуни 2020 - 16:50

Кочанчанец и штипјанец ставени во државен карантин затоа што не ја почитувале мерката за домашната изолција

Полицијата спровела двајца во државен карантин во Скопје, затоа што не ја почитувале мерката  за домашна изолација во Кочани и во Штип.

Како што соопшти МВР, вчера од страна на полициски службеници од Полициската станица Кочани, поради непочитување на мерките на Владата за превенција и заштита од прогласената пандемија на корона вирус (здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена) извршен е спровод на С.А.(54) од Кочани и О.У.(22) од Штип до Скопје во објект за државен карантин.

Како што одлучи претходно Владата, оние граѓани на кои им е одреден домашен карантин, а тој не го почитуваат, ќе бидат однесени во државен карантин, но на своја сметка.