Коцевски: Велес веќе не е задолжена општина
Општина Велес ги врати сите долгови кои ги имаше кон ЈКП „Дервен“ и кон другите побарувачи и веќе не е задолжена општина. Од лани во годинава пренесе и 40 милиони денари од Владата за изградба на затворен градски пазар и уште 30 милиони денари за недовршени градежни работи, или вкупно 70 милиони денари, информира на денешната прес конфереција градоначалникот Аце Коцевски.
Тој информира дека во 2016 година за репрезентација биле потрошени 970.351 денар, а лани само 128.397 денари што е помалку за повеќе од четири пати. За гориво во 2016 година биле потрошени 1.044.941 денар, а лани 794.816 денари.
Воедно и патните расходи лани се двојно помалку , 678. 779 денари споредно со 2016, кога биле 1. 374. 564 денари.
– Во 2016 година капиталните расходи биле 80.165.165 денаи, а лани 62.464. 556 денари, посочи Коцевски.
Ново на Сител
-
ОЈО отвори истрага против врховниот судија Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Мемети
-
Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф
-
Ердоган против Евровизија: „На вакви настани стана невозможно да сретнеш нормален човек“
-
МВР: Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете
-
Тошковски: Дивиот забавен парк кај Борис Трајковски ќе биде затворен и отстранет
-
Сообраќајна несреќа кај Росоман
-
Анкета: Нова демократија со двојно поголема предност пред СИРИЗА во пресрет на европските избори
-
За прв пат во историјата Јувентус не загуби натпревар од Серија А, во кој заостануваше со три гола