Коцевски: Се постапува по предметот за кривичните пријава за издавањето на личните документи
Јавното обвинителство има формирано предмет во кој се споени три кривични пријави во врска со издавањето на личните документи, по него се постапува професионално, и доколку има или нема кривично дело, ЈО ќе донесе соодветна одлука, изјави јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски.
Во интервју за Слободен печат, Коцевски вели дека едната пријава е поднесена малку порано од граѓанин, а другите две се од пред некој ден, од политички партии, односно нивни претставници.
- За нив се води единствена постапка. Во оваа фаза од постапката ниту јас, ниту друг обвинител, не би можеле да дадеме многу податоци. Се постапува професионално, се проверуваат сите докази и доколку има или нема кривично дело, верувајте дека ЈО ќе донесе соодветна јавнообвинителска одлука врз основа на доказите со кои располага, вели тој.
Дополнува дека предметот е заведен, доделен на јавен обвинител и се преземаат одредени процесни дејствија.
Ново на Сител
-
Армијата ангажирана во справувањето со пожарите
-
Вајц: Предлозите за вметнување на македонскиот јазик и идентитет во Извештајот не беа грешка
-
Поради пожар затворен дел од скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце пуштен само за патнички возила
-
Пронајдено починато лице во близина на пожарот во кривопаланечко
-
Утре посвежо со пониски максимални дневни температури
-
Три пожари во Крива Паланка, градоначалникот бара итна интервенција | ВИДЕО
-
Тешко повреден велоспедист во сообраќајка на патот Радовиш-Штип
-
Запалено столче во спортска обложувалница во Скопје