Коце Трајановски и Ивица Коневски го чистеа обоениот плоштад

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски вчеравечер можеше да се забележи како го чисти плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, откако истиот претходно беше обоен од страна на опозициските поддржувачи, кои протестираа вчера.
Вандализам, ултиматум и дивеење. СДСМ и “шарените“ вандали вечерва целосно го обоија скопскиот плоштад откако со кофи фрлаа црвена боја и со ваљаци во рацете размачкуваа по целата површина на плошатадот.

На овој начин, „Шарената револуција“ зад која стои СДСМ и СОРОС денеска продолжи со уништување на спомениците и плоштадот „Македонија“. Граѓаните кои се шетаа низ центарот на градот не можеа да поминат низ плоштадот па мораа да заобиколуваат по споредните улички.

Покрај плоштадот, вечерва СДСМ продолжи и со нивните традиционални мети за уништување, Владата и Собранието, сето тоа под будното око на лидерот Зоран Заев кој беше на чело на протестите.

По ваквата акција на опозициските вандали, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски лично се погрижи за чистење на плоштадот од атакот на “шарените“ и како што може да се забележи на фотографиите, истиот е целосно исчистен. Во чистењето помогна и градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски.



Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
