Балкан
22. November 2015 - 12:33

Кобна игра: Бомба му разнесе дланка на дете

Мирко Н. (16) и Александар Л. (15) се тешко повредени во експлозија на бомба во четвртокот во село Грабовац, кај Ивањица.

Според болнички извори, гранатата на Марко му ја разнела левата дланка, додека Александар од гелерите бил погоден во глава и телото.

Му експлодирала во рака

Двете деца бомбата кашикара ја пронашле во напуштена куќа во село Дубрава и ја активирале во четвртокот около 22.30 часот во соседното село.

-Во Дубрава ја криеле неколку денови. Завчера ја зеле бомбата и отишле до моста во Грабовац, каде се обиделе да ја расклопат. Еден дел од бомбата, со запалка и осигурувач, се нашла во рацете на Мирко Н. Тој во еден момент го извлекол осигурачот и бомбата експлодирала. Уште едно момче било со нив, но не било на мостот и повикало помош. Се гледало дека Мирко ќе остане без прсти, зошто бомбата буквално му ја разнело дланката, велат од полиција.

Милисав Поповиќ кој живее во близина вели дека поминувал покрај местото на несреќата непосредно по експлозијата.

-Ништо не укажуваше на трагедија. Детонацијата  ја слушнав, ама не обрнав внимание на децата зошто тие често фрлаат петарди, па тешко може да се разграничи звукот. Слушнав дке адецата бомбата ја нашле во една напуштена куќа веднаш зад кривината. Ја донеле до мостот, и веројатно сакале од љубопитност да ја отворат. Велат дек аво еден момент бомбата на едното дете му експлодирала во рака. Цел живот инвалид ќе биде, кутрото момче, вели Поповиќ.

Децата се префрлени во болницата во Чачак, на одделението за детска хирургија, каде лекарите на Мирко му ампутирале три прста од левата рака, додека Александар поминал само по повреди по лицето.

Надвор од живот на опасност

Според лекарите Мирко не е животно загрозен, но ќе остане и натаму во болница каде ќе се следи неговата состојба.

Првите резултати од истрагата говорат дека бомбата заостанала од Втората светска војна, но не познато каде децата ја пронашле.

Истрагата е во тек.