Коалицијата за „Промени и правда“ на средби со граѓани во Куманово
Централниот караван на Коалицијата „За промени и правда“, денеска оствари средби со жителите на Куманово на градскиот плоштад и ја презентираше програмата со која настапуваат на овие избори.
Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека се залагаат за системски промени, со одговорност на носителите на клучните функции.
- Ние како Коалција составена од повеќе партии, граѓански асоцијации, сметаме дека треба да има промени и сигурни сме дека режимот ќе падне, тоа е нашиот слоган со кој одиме во оваа кампања, рече Трајанов.
Додаде дека се залагаат за стабилност, економски развој, младите да останат во Македонија. Владиниот кабинет, рече, треба да биде составен од професионалци и додаде дека се отворени за соработка со сите партии за да се состави таков владин кабинет.
- Пратениците на Коалцијата „За промени и правда“ во идниот законодавен дом и преставниците на извршната власт ќе посветат посебно внимание на Куманово како најголема општина, рече Јове Кекеновски од ФРОДЕМ.
Зборувајќи за заминувањата на кумановци во Ирак и Авганистан, Кекеновски, нагласи дека се залагаат за бројни економски проекти кои што ќе го забрзаат економскиот развој, за тука да останат младите. Во програмата, рече предвидени се милијарда евра за капитални инфраструктурни објекти и Куманово, истакна, ќе има приоритет при распределбата на средствата.
Носителот на изборната листа во четвртата изборна единица,Слободан Богоески, рече дека изборите на 11 декември се референдумско изјаснување и ги повика граѓаните масовно да гласаат за промена на власта.
Ново на Сител
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен
-
Работодавачите не прифаќаат минимална плата од 30 илјади денари
-
15.000 жалби за превисоки сметки за струја: За в четврток најавен протест на жителите на Сингелиќ и Арачиново
-
Одложено судењето за сообраќајката во која загина Теодора Ристовска, обвинетиот бил во болница
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
СДСМ: Власта да ги прифати нашите предлози
-
Граѓаните да не наседнуваат на измамите по телефон