Коалиција ВРЕДИ: Со освоените општини станавме втора политичка сила во државата

Изборниот штаб на коалицијата ВРЕДИ во Тетово на прес-конференција оцени дека сега стануваат втора политичка сила во државата со оглед на добиените општини. Башким Бакиу од изборниот штаб на коалицијата ВРЕДИ рече дека со ова конечно се заокружи промената кај Албанците.
-ВРЕДИ постигнаа убедлива победа речиси во сите општини каде што бевме во втор круг. Од срце ви се заблагодарам за оваа голема поддршка која ја потврдува нашата исправна визија, која ја препознаа нашите сограѓани. Во овој момент можам да потврдам убедлива победа во Тетово со над 5000 гласови разлика, потоа победи во Боговиње, Дебар, Долнени и Струга, рече Бакиу.
Тој истакна дека граѓаните недвосмилено упатиле порака до ДУИ.
-Граѓаните и пред две недели и денес зборуваа јасно и гласно. Деструктивните политики на ДУИ и нивните лаги и манипулации повеќе не поминуваат, време е Али Ахмети да поднесе оставка. Оваа партија да се реформира доколку сакаат да остане како политичка партија. За Албанците во Северна Македонија доаѓаа светла иднина, иднина полна со работа и проекти, иднина во која новото ќе триумфира над старото, истакна Бакиу.
На новинарско прашање за резултатите во Кичево и Брвеница, Бакиу истакна дека таму изборите биле предадени од страна на Али Ахмети кој денес наместо таму отишол во Тирана, време е да се соочи со граѓаните.
МИА
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
