Македонија
23. July 2020 - 16:36

Коалиции: Се водат неформални разговори, СДСМ не сака широка Влада

СДСМ ја отфрла можноста за формирање на широка влада по тесниот изборен резултат од минатата недела.
Партискиот генерален секретар во интервју за порталот Локално вели дека да за неговата партија прифатлива е само опцијата за политичка влада која ќе ја предводи лидерот на СДСМ Зоран Заев.

„Се контактира со повеќе субјекти, а процесот на преговори ќе почне веднаш по илинденските празници.

Се уште течат роковите за целосно заокружување на изборниот процес, следува конституирање на Собранието, после што Претседателот на државата има 10 дена да го додели мандатот, а мандатарот после тоа во рок од 20 треба да состави предлог за Влада.

Очекувам во текот на месец август да го заокружиме изборниот процес, солгасно уставните рокови, со што ќе се стават во функција новото Собрание и новата Влада“ – вели Николовски.

Николовски вели дека законот е јасен и дека ДУИ не може да го добие мандатот за формирање на Влада бидејќи граѓаните ги рангирале како трети на овие избори, а мандатот го добива првиот.

И во ВМРО-ДПМНЕ не откриваат многу информации. Од партијата остануваат на ставот дека се водат преговори со сите политички субјекти но дека се уште нема информации кои би можело да се споделат во јавност.
Случајно или не, во екот на изборниот процес лидерот на ДУИ е повикан од Обвинителството за воени злосторства во Хаг каде според она што Ахмети го напиша на социјалните мрежи треба да сведочи како еден од основачите на ОВК. Поканата за Ахмети доаѓа непосредно по обвинението за воени злосторства против косовскиот претседател Хашим Тачи. Како ова ќе влијае на позициите на ДУИ во преговорите за формирање на новата Влада се уште не се знае. Шефот на кабинетот на Ахмети вчера преку социјалните мрежи повика на смиреност и умереност повикувајќи заеднички да се работи на патот на интегрирање и надминување на ковид кризата.
Алијансата на Села го проблематизира изборниот процес за што за во понеделник  веќе закажа и протест во Скопје.
Пред стартот на изборниот процес политичарите бараа брзи избори за да може брзо да се формира политичка влада која би работела на санација на корона кризата. Една недела по изборите, преговорите за нова Влада официјално се уште не се ни почнати.