Книжевна средба со бугарскиот писател Петар Андасаров

Познатиот бугарски поет и пуиблицист Петар Андасаров вечер ќе гостува во Бугарскиот културно-информатовен центар во Скопје. Повод е книгата посветена на неговото книжевно творештво „Одгласи за творештвото на Петар Андасаров“ која неодамна во превод од бугарски на македонски јазик, што го направи писателот Тоде Илиевски, ја издаде Книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје.
На книжевната вечер посветена на овој бугарски автор која почнува во 18.30 чласот ќе говорат македонските писатели и литературни ктитичари Санде Стојчевски и Бранко Цветкоски.
Петар Андасаров и припаѓа на генерацијата бугарски поети кои во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век се приклонуваат кон модернистичките тенденции во бугарската литература и за своето поетско дело е наградуван со престижни признанија во Бугарија и во повеќе балкански и европски земји.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
