Книжарницата „Литература.мк“ од интернет се пресели на улица „Македонија“

На улица „Македонија“, спроти Спомен-куќата на Мајка Тереза, од вчера почна да работи книжарницата „Литература.мк“ која во изминатите пет години постоеше како книжарница на интернет.
- Во простор од 80 метри квадрартни со врвно ентериерно уредување, книжарницата „Литература.мк“ ќе ги донесе светските книжарски трендови во Скопје и изданијата на најголемите домашни издавачки куќи, задоволувајќи го вкусот и на најпребирливите вљубеници во книгата. „Литература.мк“ ќе понуди богата програма, разни случувања и содржини секој ден, наменети за сите возрасти и за сите вкусови: литературни и музички дружења, гостувања на домашни и на странски автори, креативни средби и едукативни работилници за најмалите читатели, соопшти „Литература.мк“.
Дарко Фиданоски, еден од сопствениците на книжарницата, истакнува дека сакаат да го вратат стариот сјај и живот на улицата „Македонија“ и таа да биде сврталиште на љубителите на книгата, но и на случајните минувачи.хс/14:09
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
