Македонија
16. October 2016 - 14:38

Книжарницата „Литература.мк“ од интернет се пресели на улица „Македонија“

 На улица „Македонија“, спроти  Спомен-куќата на Мајка Тереза, од вчера почна да работи книжарницата „Литература.мк“ која во изминатите пет години постоеше како книжарница на интернет.

-  Во простор од 80 метри квадрартни со врвно ентериерно уредување, книжарницата „Литература.мк“ ќе ги донесе светските книжарски трендови во Скопје и изданијата на најголемите домашни издавачки куќи, задоволувајќи го вкусот и на најпребирливите вљубеници во книгата. „Литература.мк“ ќе понуди богата програма, разни случувања и содржини секој ден, наменети за сите возрасти и за сите вкусови: литературни и музички дружења, гостувања на домашни и на странски автори, креативни средби и едукативни работилници за најмалите читатели, соопшти „Литература.мк“.

Дарко Фиданоски, еден од сопствениците на книжарницата, истакнува дека сакаат да го вратат стариот сјај и живот на улицата „Македонија“ и таа да биде сврталиште на љубителите на книгата, но и на случајните минувачи.хс/14:09