Клучниот сојузник на Меркел очекува нова влада најдоцна до април
Лидерот на баварската конзервативна партија ЦСУ Хорст Зехофер, кој е клучен коалициски партнер на техничката канцеларка Ангела Меркел, најави дека новата влада треба да биде формирана најоцна до април. Во интервју за новинската агенција ДПА, Зехофер вели дека Велигден е крајниот рок до кога разговорите меѓу Меркел и социјал-демократска партија СПД за формирање на нова широка коалиција треба да бидат комплетирани.
- Ако и по толку долг период не успееме да составиме кабинет, тогаш е јасно дека политичарите не си ја завршиле работата, изјави Зехофер, кој е и премиер на Баварија.
Изборите се одржаа во септември, но Меркел не успеа во првичниот план, да формира коалиција на нејзината партија ЦДУ и на ЦСУ со партијата на Зелените и со либерал-демократската партија ФДП. Како следна можност се отвори повторното коалицирање со СПД, и покрај најавите на социјал-демократите дека по четири години во коалиција со Меркел и по тешкиот изборен пораз, сакаат да поминат одреден период во опозиција. Во опција се повеќе варијанти за коалицирање со СПД, вклучително и поддршка од социјал-демократите за малцинска влада предводена од Меркел, а доколку преговорите не успеат, можни се предвремени избори.
Зехофер најави дека во преговорите со СПД конзервативците нема да бидат подготвени да прават нови отстапки по прашањето на мигрантите. Особено Баварија беше силно погодена од мигрантската криза во 2015 и 2016 година, и расположението во ЦСУ е силно свртено против нови обиди да се релативизира границата на Европската унија и на Германија.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица