Клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград ќе го обжали одбивањето регистрација на истоименото здружение
Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград соопшти дeка им била одбиена регистрација откако на 7 февруари во Агенцијата за регистрација во Благоевград ги доставиле документите за основање на истоименото здружение.
-Ова одбивање ќе го обжалиме пред судот, се вели во пораката испратена до медиумите и потпишана од Атанас Мазнев, пренесува Бугарската новинска агенција (БТА)
Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ - Благоевград беше отворен по приватна иницијатива на крајот на октомври, а неодамна беше скршено стаклото на клубот и приведени четири лица ов врска со инцидентот.
Целите на здружението декларирани од клубот се: „културна комуникација меѓу народите и земјите од Балканот, за мир и добрососедство, како и поддршка на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата“.
-На 10 февруари добивме решение за одбивање, што значи дека на нашето здружение му е ускратена легитимноста. Сметаме дека ова одбивање е непринципиелно. Во одбивањето е цитиран единствен правен текст - од Уставот на Република Бугарија - чл. 12, ст. 2, дека здруженијата на граѓани не можат да поставуваат политички цели и да вршат политички активности, кои ние, како што може да се види од горенаведените цели, не само што сме ги запазиле, туку и дополнително сме напишале експлицитно во статутите дека нашето здружение нема за цел вршење политичка дејност. Сепак, имаме одбивање за регистрација, се наведува во пораката.
Ново на Сител
-
Жена и маж од Неготино меѓусебно се пријавиле во полиција за физички напад
-
Над 900 санкции за сообраќајни прекршоци за еден ден на територија на цела држава
-
Диско-гел, нова метода на третман на дискус хернија во болницата ,,8 септември"
-
Јаневска: Наставникот ќе одлучи дали да се користат телефони на часот, одлуката за нивна забрана ја носат општините
-
Од утре попладне дожд на пониските и снег на повисоките места
-
Велешанец во Аеродром пробал да ја силува во возило, побегнал откако таа го мавала со раце и нозе и гласно викала за помош
-
Мицкоски на седница ќе предложи супер-маркетите јавно на своите веб страници да ги објавуваат цените на производите
-
Успешна ендоскопска трансназална операција на државната неврохирургија