-->
-->
Клубот на пратенички го осуди нееднаквиот третман на жените маратонки во Охрид
-->
Клубот на пратенички во Собранието на Република Македонија го осудува и смета дека е дискриминаторски односот кон жените што учествуваат на Меѓународниот атлетски маратон во Охрид, затоа што паричните награди за нив се пониски од оние што ги добиваат мажите натпреварувачи.
- Ова е скандалозно газење на Законот за еднакви можности на жените и мажите и јавно понижување и деградирање на женскиот род. Го повикуваме Атлетскиот сојуз на Република Македонија, како организатор, јавно да се извини и да обезбеди еднаков третман на сите натпреварувачи, со еднакви награди за сите победници, соопшти Клубот на пратенички во Собранието на РМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приватните автобуси до петок ќе возат само до 10 часот наутро
-
И утре посвежо со локален пороен дожд, од петок затоплување
-
Нa „Табановце“ и „Богородица“ за излез од земјава се чека 30 минути
-
Мизрахи: Разрешени девет директори во клиничките болници
-
Деновиве ќе биде соопштено од кои учебници ќе се учи во седмо
-
МАЕИ: Се подготвува декларација за непризнавање на пописните резултати
-
Коце Трајановски назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта
-
Изминатото деноноќие гореле камион, шупа, трева, депонии...