Фудбал
2. February 2016 - 19:16

Kлуб „купи“ играч преку оглас

Словенечкиот фудбалски прволигаш Домжале на необичен начин го започна купувањето на засилувања за продолжението на сезоната – преку оглас на социјалната мрежа Линкедин.
 
Тренерот Лука Елзнер одлучил да постави пост на страницата Линкедин, во кој вели дека неговиот клуб бара офанзивен десен бек, под услов да е од Европската унија, а му се јавиле дури 150 фудбалери од целиот свет. Словенците го избрале Шпанецот Алваро Браши, поранешен фудбалер на Бетис Б, Еспањол Б, Анортозис и Видеотон.
 
Словенците можеби започна и нов тренд во купувањето фудбалери, со оглед на големата популарност и достапноста на социјалните мрежи.
 
„Домжале е мал клуб и немаме пари за скапи фудбалери. Ни требаше десен бек, а бидејќи не го најдовме во Словенија, дојдовме до идеја да дадеме оглас на социјалните мрежи“, рече тренерот Елзнер, инаку син на поранешниот словенечки фудбалер Марко Елзнер.
 
Домжале инаку е третопласиран на табелата со осум бодови заостаток зад лидерот Олимпија од Љубљана.