Фудбал
24. November 2016 - 20:04

Клоп: Убаво е што Џерард се враќа во градот

По дененска објавената вест дека поранешниот играч и капитен на Ливерпул Стивен Џерард за завршува играчката кариера, со изјава се јави и актуелниот менаџер на премиерлигашот Ливерпул.
- За Џерард вратата во Ливерпул е секогаш отворена. Што и да посака тој ние ќе му помогнеме. Но немојте да бидете нестрпливи со неговиот следен чекор. Тој почна како млад играч и сега што и да биде ќе биде млад. Јас се сум вистинската личност да зборувам за тоа, тука сум само 14 месеци. Имав можност да го запознаам, прекрасна личност. Тој е нормален човек. Убаво е да се слушне дека се враќа во градот.
Џерард кариерата ја заврши со 37 години, а последен (втор) клуб за колј играше беше ЛА Галаски, а претходно го носеше само дресот на Ливерпул. Во последните денови од својата играчка кариера Џерард изјавуваше дека негова желба е да се занимава со тренерската работа.