-->
-->
Клоп: Само не Борусија
-->
Ливерпул преку најголемиот ривал во англискиот фудбал, Манчестер Јунајтед, избори пласман во четвртфиналето во Лига Европа, а по реваншот на „Олд Трафорд“, тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, рекол дека во наредната фаза не би сакал да ја извлече Борусија Дортмунд.
Тимот на Клоп, го елиминира Јунајтед со вкупни 3:1, по 2:0 на домашен терен Ливерпул во Манчестер остана непоразен (1:1). Марсијал постигна гол од пенал за Манчестер Јунајтед, а со мало ремек дело израмни Кутињо на истекот на првиот дел.
„Не би сакал да играм против Дортмунд во наредната рунда. Зошто би сакал да играм против најсилниот тим во ова натпреварување?“, рекол Јирген Клоп по мечот.
Поранешниот тренер на Борусија рекол дека посакува со Борусија да се сретна дури во финалето.
„Сите мои пријатели во Дортмунд сакаат да играат против нас, но тоа може да се случи дури во Базел (во финалето). Го победија Тотенхем во Лондон, тоа не е лошо. Останаа сега само добри тимови, кул е тоа што сме меѓу најеобрите осум.
Инаку, покрај Ливерпул и Борусија Дортмунд, пласман во четвртфиналето во Лига Европа изборија Севилја, Брага, Спарта Прага, Виљареал, Шахтјор и Атлетик Билбао.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Синдикатот на Клинички против решението на Алиу дел од вработените на клиниките да паркираат надвор од кампусот „Мајка Тереза”
-
СДСМ обвинува за блокада
-
Вреди во Струга со независен кандидат, ДУИ се уште договара широка коалиција
-
Без дебата реформските закони за администрацијата го поминаа првиот собраниски филтер
-
ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ – Најавува формирање на „Коалиција за зелена иднина“
-
Лекарите со препораки за заштита од топлотниот бран
-
Израел го нападна Фордо, додека Трамп најави „промена на иранскиот режим“ по американските напади
-
Беџети: Европскиот фронт ќе се проширува