Клоп: Никогаш не сме мислеле дека ќе ги победиме сите во Лигата

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп призна дека е разочаран од ремито со Лестер и пропуштената одлична можност „црвените“ да ја зголемат предноста пред Манчестер Сити на цели седум поени.
Во вторникот, „граѓаните“ запишаа изненадувачки пораз од Њукасл на „Сент Џејмс Парк“, но синоќа, тимот од „Мерсисајд“ одигра само 1:1 на „Енфилд“. Разликата помеѓу двата тима на врвот сега веќе е пет поени.
– Ние треба да го прифатиме овој резултат, кој не е проблем. Ние никогаш не сме мислеле дека ќе ги победиме сите во Лигата. Ние освоивме бод. Не е совршено, но сепак е добро, рече германскиот стратег по натпреварот.
Клоп изјави дека е разочаран што не победиле, но тимот веќе има бод повеќе во борбата со Сити за шампионската титула.
– Тоа не е токму она што го сакавме, но се уште е во ред. Сега имаме неколку дена да се подготвиме за Вест Хем, а потоа и за Борнемут. Тоа е сè што правиме. Ние не ја броиме разликата во поени помеѓу нас и другите тимови. Не мораме да ги освоиме нашите натпревари. Овој пат тоа не се случи и ние не сме среќни, но ништо повеќе, рече Јирген Клоп.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
