Клоп: Ливерпул може да ја одржи шампионската парада следната сезона
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека Ливерпул би можел да одржи шампионска парада следната сезона, доколку ја освои Премиер лигата оваа сезона.
– Жално што не можеме да го прославите трофејот на начинот на кој секогаш сме сонувале. Ја разбирам ситуацијата. Не можам да кажам дека сакав да славам сам на стадионот, а потоа само да си одам дома. Но, сега не можеме да промениме ништо. Зошто придаваме важност на она што не можеме да го промениме? Ќе дојде денот кога животот ќе се врати на својот поранешен курс. Кога некој ќе најде вакцина, решението е кога стапката на инфекција биде нула или пониска од сегашната. Таков ден е сигурно дека ќе дојде. Тогаш можеме да славиме, изјави Клоп.
Ако има 12. или 13. кола од следната сезона, а ние сакаме да славиме – кој ќе нè спречи? Сè уште ќе го имаме трофејот, а потоа ќе можеме да се возиме низ градот на отворен автобус. Ако некои мислат дека сме луди, искрено не ми е гајле, додаде Клоп.
Ново на Сител
-

Пукал кон сопругата, се заканувал и тепал ќерка – нов случај на семејно насилство во Скопје
-

Како да се заштитат жртвите на семејно насилство?
-

Вајц: Не може да се оди напред кон ЕУ без уставни измени
-

Само 8% од Ромките се вработени, но многу мал број пријавуваат дискриминација
-

Над 200 корисници преку проектот ТРАНСАКТ добиле бесплатни интегрирани социјални услуги и здравствени услуги
-

Штип очекува 1 милиони евра од данок на имот за 2026-та
-

Преглед на вестите од светот
-

Евакуација на македонските граѓани
