-->
-->
Клоп: Ги заслуживме трите бода од дуелот со Челзи
-->
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е задоволен од победата над Челси (2:1) во натпреварот од 6.коло на шампионатот на Англија.
Според Германецот, неговиот тим ги заслужил трите бода.
– Првото полувреме беше напорно за нас. Постигнавме два прекрасни гола, можевме да постигнеме веднаш по паузата уште неколку. Заработивме три бода, иако во Лондон тешко е да се победи. Сè уште не сме освоиле ништо, поминаа само шест натпревари. Треба да бидете подготвени за сите ривали. Секој сака да нè победи. И ние треба да го направиме она што мора да го сториме – изјави Клоп.
Ливерпул има одличен старт во премиер лигата со максимални шест победи и 18 бода по првите шест кола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вечерва пристигнуваат првите 8 евакуирани македонски државјани од Израел
-
Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-
Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка
-
8 македонски државјани од Израел се враќаат дома
-
Не се смирува небото на Блискиот Исток - петти ден од конфликтот помеѓу Израел и Иран
-
По посетата на кочанската болница, Алиу веќе доби барање за вработување на неопходен кадар во установата
-
Талески: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс
-
3500 потписи за независна кандидатура во Скопје