Фудбал
11. March 2016 - 18:25

Клоп: Бевме подобри од првата секунда

Екипата на Ливерпул оствари голема предност по првиот осминафинален натпревар од Лига Европа одигран синоќа на „Енфилд“ против Манчестер Јунајтед. „Црвените“ победија со 2:0 и на реваншот на 17.март ќе имаат убава предност против големиот ривал од англискиот фудбал.
По дуелот тренерот на Ливерпул Јирген Клоп изјави:
- Атмосферата беше неверојатна. Беше навистина прекрасна и морам да им се заблагодарам на сите. Тоа е Ливерпул, кој го знаев пред да дојдам тука. 
За текот на натпреварот Германецот на клупата на Ливерпул истакна: 
- Да бидам искрен не беше лошо. Бевме подобри од првата секунда, а можевме да постигнеме и повеќе голови бидејќи имавме шанси. Заврши 2:0 и на ми понудеа пред дуелот ваков резултат ќе прифатев. Но, уште не е готово. 
До реваншот во четврток Ливерпул нема да одигра натпревар бидејќи во Англија се играат дуелите од четвртфиналето на ФА купот. Ливерпул е веќе елиминиран, додека Манчестер Јунајтед во недела на домашен терен ќе игра против Вест Хем.