-->
-->
Кливледн го совлада Феникс, а Кармело Ентони постави рекорд
-->

Шампионот во НБА кошаркарската лига Кливленд брзо ги залечи раните од тешкиот пораз од Голден Стејт, па ноќеска пред својата публија забележа победа во дуелот со Феникс со 118:103.
Кливленд до триесетата победа сезонава го предводеше Кајри Ирвинг кој средбата ја заврпи со 26 поени, додека
Леброн Џејмс покрај 21 поен имаше и 15 асистенции.
Иако Кармело Ентони одигра одличен натпревар против Вашингтон и официјално оставри рекорд, со најмногу поени во една четвртина 25 во вториот период, а средбата ја заврши со дабл-дабл од 34 поени и 10 скока, сепак Њујорк загуби од Вашингтон со 110:113. Кај победничкиот тим најефикасен беше Џон Вол со 29 поени и 13 скока.
Предноста на домашниот терен ја искористија и Мајами кој во дуелот со Далас победи со 99:95, како и Сан Антонио кој со 118:104 го порази Денвер 118:104.
Минесота ја прекина мини серијата од три порази и тоа со гостинската победа во Лос Анѓелес кај Клиперс кого го совлада со 104:101.
Ноќеска на програмата се нови десет натпревари, а дербитро ќе се игра во Хјустон каде ќе гостува Голден Стејт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
