Свет
22. July 2016 - 10:29

Клинтон му порача на Трамп: Подобри сме од тоа

Веројатната кандидатка на Демокретската партија за претседател на САД, Хилари Клинтон доцна синоќа одговори на најновите напади на нејзиниот републикански противкандидат Доналд Трамп изречени на Конвенцијата во Кливленд, порачувајчи му: „подобри сме од тоа“. 

Клинтон оваа порака ја објави на Твитер, откако Трамп во говорот по повод официјалното прифаќање на републиканксата претседтелска номинацијата, упати остро критики на нејзина сметка. 

Трамп ја обвини Клинтон дека нејзиното наследство како државен секретар од првиот мандат на претседателот Барак Обама се изразува со „смрт, разурнувања, тероризам и слабост“.

Тој пред делегатите на Конвенцијата рече дека безбедноста во САД е намалена, а светот станал понестабилен откако Клинтон застана на чело на Стејт департментот.

- Наследството на Хилари Клинтон не треба да биде наследството на САД. Проблемите, пред кои сме исправени сега, сиромаштијата и насилството дома, војните и разурнувањата во странство, ќе продолжат доколку продолжи да се смета на истите политичари, кои ги создадоа, рече Трамп.

- Се додека сме раководени од политичари кои САД не ги поставуваат на прво место, можеме да бидеме сигурни дека другите земји нема да се однесуваат кон нас со респект, нагласи Трамп. 

- Време е да му покажеме на цел свет дека Америка се врати. Поголема, подобра и посилна од кога било, истакна Трамп.