Свет
17. May 2016 - 14:36

Клинтон и Сандерс во трка по гласови во Кентаки и Орегон

Двајцата кандидати за номинацијата на Демократската партија за претседателски кандидат на изборите во САД, Хилари Клинтон и Берни Сандерс, учествуваат во денешните прелиминарни гласање меѓу демократите во сојузните држави Кентаки и Орегон.

Победникот во Кентаки добива 60, додека тој во Орегон 74 делегати за Конвенцијата на оваа партија, што ќе се одржи во јули во Филаделфија.

Клинтон досега има обезбедено 94 отсто од потребните 2.383 делегати, па и недостигаат уште 143 делегати за да ја осигура својата претседателска номинација. - Уверена сум дека ќе ја освојам номинацијата, изјави Клинтон.

Некогашната Прва дама на САД, предизвика бројни коментари по својата изјава во Кентаки дека нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон, ќе има задача да ја ревитализира американаката економија, доколку таа биде избрана за претседател.

Хилари Клинтон ја отфрли можноста сопругот Бил да добие некоја функција во евентуалната, идна демократска администрација, што таа би ја предводела, но рече дека поранешниот претседател „знае што треба да се направи“ за економската обнова на земјата.

Американските медиуми откриваат дека врз нејзиниот противкандидат Сандерс, се вриши притисок да се откаже од натамошната изборна трка, сега кога Доналд Трамп остана сам кај републиканците.

Водствто на Демократската партија смета дека останувањето на Сандерс во траката и неговата остра реторика против Клинтон му користи само на Трамп, со што може да се влошат нејзините позиции во директната пресметка со кандидатот на Републиканската партија.

Сенаторот од Вермонт, кој има настапувано на изборите и како независен кандидат и натаму вели дека останува „на патеката за претседателската номинација“.

Републиканците имаат свои прелиминарни избори во Орегон, но кај нив Трамп нема противници, па е само прашање кога овој њујоршки милијардер, ќе освои уште 103 делегати, колку што му се потребни за ја обезбеди номинацијата.