Клиника Жан Митрев: Непречено продолжуваме со услугите за вродени срцеви мани на деца

На Клиниката Жан Митрев вчера е примено новороденче со телесна тежина од 1,2 килограми во нестабилна состојба, кое по 22 дена поминати на интензивна нега, е пренесено во оваа клиника и се прават сите предоперативни анализи, за да може да биде оперирано во текот на следната недела, соопшти денеска Клиниката „Жан Митрев“.
Отаму потенцираат дека непречено продолжуваат да ги изведуваат сите услуги поврзани со вродените срцеви мани на деца од раѓање до 18 години.
-Сите трудници кај кои е констатиран или ќе се констатира плод со вродени срцеви аномалии, како и досега, подлежат на бесплатни прегледи и се примаат во нашата Клиника, без никаков застој. Пред се, за доброто на нашите пациенти, Клиниката останува отворена за сите, се вели во соопштението.
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) пред четири дена најави дека ќе испитува дали е законска постапката за доделување на лиценцата за вршење дејност од областа на детска кардиохирургија на специјализираната болница по хируршки болести „Жан Митрев“, како ќе работи оваа болница откако единствениот лиценциран детски кардиохирург Владимир Чадиковски што беше анагажиран таму даде отказ, и дали се исполнети условите за еднострано раскинување на договорот.
Ново на Сител
-

ЦУК: Локализиран пожарот кај Лешница
-

МВР: Камерите на „Безбеден град“ во функција во дел од општина Дебрца, наскоро и во Охрид
-

Активни пожари на грчките острови Крит, Андрос, Парос и Калимнос – евакуирани неколку населени места
-

Нетанјаху: Трамп ќе одлучи за иднината на судирот со Иран
-

Високите температури и ветерот ја отежнуваат борбата со пожарите во Турција
-

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање
-

Запленети над 43 килограми марихуана, приведени 241 лице по еден месец од формирањето на Task force
-

Тошковски: Петкратно зголемена ефикасноста во постапувањето по случаи на семејно насилство
