Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ од Битола: Презедовме сѐ што можеше за пациентката
Преземени се сите потребни мерки од страна на здравствениот кадар во нашата установа во врска со пациентката што почина од сепса, велат денеска од Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ од Битола.
„При давањето здравствени услуги на конкретната пациентка, постапено е по сите медицински протоколи и комплетно е спроведена медицина базирана на докази, што значи дека во овој случај се преземени се сите потребни мерки од страна на здравствениот кадар во нашата установа“, се наведува во изјавата од Болницата.
Триесет и едногодишна битолчанка починала пред два дена од компликации после породувањето од пред шест недели, а веќе еден месец се борела за живот.
Бебето е добро и има 40 дена, а нејзе, само после две недели од породувањето, состојбата и се влошила, имала висока температура, болки во стомакот, низок притисок, и плус била дијабетичар.
Таа пред неколу дена била донесена на скопските клиники, на одделот КАРИЛ, каде починала од сепса.
Ново на Сител
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли
-
Албанија и Србија со кандидатура за заеднички домаќин на Европското првенство за млади во 2027