Македонија
2. April 2016 - 16:56

Климовски: Јанева со ваков просек немаше да може да се запише на акедемијата за судии и јавни обвинители

Специјалната обвинителка Катица Јанева студирала 7 години а правниот факултет во СКопје го завршила со  просек од 6,24 ОБЈАВИ КУРИР. Уверението за завршено високо образование на Јанева презентирајќи го  во емисијата Миленко Неделковски шоу , професори и новинари го анализираа успехот и капацитетот на Јанева. За положените предмети таа добила пет „7ки и 28 шестки. Уверението на Јанева е одраз на капацитетите што ги поседува, смета професорот Александар Климовски. Според него Јанева немало да може да се запише во Академијата за судии и обвинители. Токму затоа е голем и револтот кај постојните обвинители од Јавното обвинителство анализира Климовски, бидејќи тие ги поминале студиите со висок просек, па запишале правосуден испит, потоа Академија и најпосле биле избрани за јавни обвинители.

-Александар Климовски професор  -Ваков профил на личност, не е случаен. На сцената на тие фактори кои што ги држат конците од озгора им треба таков лик, таква кукла која што многу лесно ќе може да ја одигра претставата. Но проблемот е следен, слаби се актери. На сцената излегоа слаби актери со несмасно однесување и веќе им прават проблем, вели Климовски.

За да се стане доктор на науки професорот  Васко Стамески пак рече дека најмал просек кој треба да се постигне е 8 ипол во спротивно нема услови за запишување.