Климатските промени се закануваат со десеткување на производството на храна
Климатските промени во иднина ќе имаат се поголемо влијание врз производството на храна во земјава. Тоа најдобро го илустрира примерот од Финска, каде поради близината на арктикот, климатските промени се многу поизразени, пред се во нерамномерната распределба на врнежите, што продуцира пад на производството за 60 %.
- Во 2017-та врнеше многу и се појавија болести кај растенијата, а во 2018-та воопшто немаше дожд. Што се однесува до Македонија, вие сте многу по на југ и климатските промени ќе ги почувствувате подоцна и затоа не ги гледате големите разлики во вашиот регион.- изјави АНИКА МИКЕЛСОН, УНИВЕЗИТЕТ ЗА ПРИМЕНЕТИ НАУКИ, ФИНСКА
За справување со идните предизвици финскиот експерт предлага преориентирање кон органско производство. Недостатокот од вода за наводнување ќе се решава со систем „капка по капка“, а за спречување на високата сончева инсолација да се применуваат заштитни мрежи.
- Ние доцниме со справувањето со климатските промени, меѓутоа, трендот е тој, се оди во таа насока и сите добри производители ќе мора да се соочат со нив и веќе се соочуваат и применуваат мерки за справување со климатските промени- изјави БРАНКО АТАНАСОВ, ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ОРГАНСКИ ЈАГОДИ И МАЛИНИ ОД СТРУМИЦА
Во моментот, кај нас субвенциите за органските производи се за 50 % повисоки од конвенционалните, но неопходна е поголема едукација на земјоделците за примена на агро-техничките мерки за органско производство.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар