Кличко: Украина се движи кон авторитарен систем

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека Украина „се движи кон авторитарен систем“.
“Во одреден момент нема да се разликуваме од Русија, каде што се зависи од каприцот на еден човек“, изјави Кличко за германски „Шпигел“.
„Киев Индипендент“ открива дека со ваквата оценка Кличко упатил прикриена критика кон украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Градоначалникот на Киев изјави дека Украина практично беше без лидерство и во хаос во текот на првите месеци од рускиот напад и ги пофали градоначалниците на украинските градови за нивните клучни лидерски улоги „да ги штитат своите сограѓани и ја поддржувајќи ја војската“.
Меѓутоа, смета Кличко, во претседателскиот кабинет на градоначалниците се гледа само како на пречки за централизацијата на власта.
И покрај тоа што е градоначалник на главниот град, Кличко откри дека со Зеленски не разговарал од почетокот на рускиот напад врз Украина.
Кабинетот на Зеленски не одговори на барањето за коментар.
Ново на Сител
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
