Клековски: Во ниеден момент немало криење информации од Министерството за здравство за случувањата во Гостивар

- Во ниеден момент немало криење информации од Министерството за здравство за состојбата во Гостивар - изјави денеска министерот за здравство, Сашо Клековски.
- Јас бев првиот што во саботата информирав дека првите случаи се регистрирани на 13 јули. Министерството за здравство и јас ќе продолжиме транспаретно да ги соопштуваме податоците бидејќи немаме што да криеме - рече Клековски на денешната прес-конференција во Владата.
Првата службена информација за случувањата во Гостивар до Министерството за здравство е пристигната во петокот во 13 часот.
Досега, како што соопшти, имало речиси 3.100 здравствени контакти од Здравстветниот дом, Општата болница, телефонски јавувања и интервенции на брзата помош.
Првиот преглед е направен на 14 јули, а на 19 јули првпат е забележано намалување на бројот на приеми.
Клековски соопшти дека денеска ќе заседава и Комисијата за заразни болести, која ќе излезе со соодветни препораки.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
