Клековски: На болничко лекување остануваат уште тројца од повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“

Уште двајца од повредените млади луѓе во пожарот во кочанската дискотеката „Пулс“, се пуштени на домашно лекување, а на болничко лекување остануваат тројца. Двајца во Македонија и еден во Истанбул. Нивната состојба е критична, но не е живото загрозувачка. Дополнително, шест пациенти одат на лекување во Пирогов во Софија и во Скопје. Деновиве неколкумина се пуштени од Клиниката за пластична хирургија. Двајца од пациентите имат отворени рани, но тие се лекуваат во кочанската Болница, информираше директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, кој денеска беше во посета на Општата болница во Кочани.
Тој истакна дека врвен хирург за пластика од Белгија, правел проценка на сите на кои им е потребна реконструктивна интервенција. Засега е утврдено дека на 18 од повредените им е потребна пластична хирургија, но, како што вели, уште е рано за такви интервенции.
-Ме радува фактот дека бројот на повредени се намали на тројца. Двајца пациенти се пуштени на домашно лекување, еден пациент се врати од Истанбул, и еден од Одделот за пластична хирургија. Во болнички услови се лекуваат еден пациент во Истанбул и два повредени пациенти во државата. Тие се во тешка состојба, но не критична, изјави Клековски.
Директорката на Општата болница во Кочани, Катерина Паниќ-Мирчовска изјави дека од останатите повредени двајца пациенти одат на постојани третмани во кочанската општа болница. Фондот за здравствено осигурување финансиски поддржува контроли и за шест пациенти, кои се вршат во болницата во Пигоров.
-Веќе сме на прагот на шестте месеци од трагичниот настан, и ги следиме сите препораки на специјалистите. Силиконските маски за лице и врат за повредените, се изработени со 3Д принтање во Германија, се очекува во наредниот период да пристигнат кај повредените, рече Паниќ-Мирчовска.
Директорот на ФЗО, Клековски додаде дека е зголемен и буџетот за Општата болница во Кочани, одобрени се нови 20 вработувања, а во наредниот период се очекува да започне и процесот на опремување на Одделот за физикална терапија. Дополнително ќе се обезбедат и средства за Централно снабдување со кислород на хируршките сали.
-Одобривме и набавка на дигитален рентген, а го видовме и напредокот на реконструкцијата на Физикалната терапија. Градежните работи се завршени, во моментот се чисти просторот и многу наскоро ќе започне опремувањето, посочи Клековски.
Во наредниот период, како што кажа, се предвидени и низа други активности кои ќе се реализираат во Општата болница Кочани, со што ќе се подобрат условите за пациентите.
-Голем дел од градежните активности се завршени, а во изминатиот период имаше повеќе активности. Се направи комплет промена на вертикална канализациска и водоводна мрежа, појасни Паниќ-Мирчовска.
Инаку, на 20 август успешно заврши и процесот на рехабилитација на повредните од пожарот во дискотеката „Пулс“ кои беа во одморалиштето на МВР на планината Пониква.
Во пожарот во дискотеката Пулс на 16 март годинава животот го изгубија 62 лица, а околу 200 беа повредени.
МИА
Ново на Сител
-

Во Обединетото Кралство секој ден во просек по петтмина Албанци се осудуваат на казна затвор
-

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница
-

Трамп до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол
-

Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби
-

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола
-

Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје во последното деноноќие, во Штип синот го нападнал својот татко
-

Мицкоски: Состојбата со горивата во овој момент е стабилна, нема потреба од какво било ограничување
-

Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект, а во една обложувалница биле затекнати малолетници
