-->
-->
К.Лазаров: Ги знаеме грешките и нема да биде лесно во реваншот
-->

Македонската ракометна репрезентација со шест гола (22:28) негатива се врати од гостувањето во Злин и реванш дуелот со Чешка во Скопје утре ќе го почне со негатива. Доколку нашите ракометари сакаат пласман на Светското првенство во Франција во 2017 година ќе мора да ја подобрат играта. По подолго време нашите ракометари ќе мора да играат и да бидат под притисок дека мора да се победи со шест голови разлика или седум доколку Чешка постигне повеќе од 22 гола.
- Мора да сме реални, оптимисти сме секогаш. Ќе биде многу тешко затоа што ова е незгодна негатива. Мора да бидеме максимално концентрирани и фокусирани. Наша надеж е тоа што ги видовме нашите грешки. Се надевам дека ќе бидеме 30-40 отсто подобри во сите линии (голмани, одбрана, напад). Не е лесно но свесни сме затоа. Треба да се подобриме и ако одиграме како што знаеме нема да има проблеми. Проблем е секако тоа што немаме натпреварувачи ритам, сите играчи се квалитетни, но кога играат, а во моментов не така и ситуацијата е лоша и сите сме свесни за тоа заедно со селекторот, изјави капитенот Кирил Лазаров.
Лазаров и целиот тим посакуваат поддршка од трибините и на крајот сите заедно со навивачите да се радуваат.
Натпреварот Македонија – Чешка се игра во утре во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дигитален регистер на загадувачи за почисто Скопје
-

Многу малку сестри во одделите за интензивна нега
-

Деменцијата зема замав - недостигаат институции
-

Трибина за органодонорство во Кавадарци - еден донор може да спаси 8 животи!
-

Започнува конзервацијата и реставрацијата на фрескоживописот на црквата во село Мокрино, општина Ново Село
-

Меѓународна конференција за зајакнување на улогата на жените во процесите на донесување одлуки
-

Преглед на вестите од светот
-

Цената на суровата нафта би можела да падне на 70 долари за барел
