Македонија
25. September 2015 - 12:41

Клаус бара референдум или предвремени избори поради бегалците

Поранешниот чешки претседател Вацлац Хавел отфрли деенеска став на владата за решавање на бегалската криза и побара од Кабинетот да го легализира неговиот став за воведување квоти за распределба на бегалци, распишување референдум или предвремени избори.

Клаус смета дека на Владата никој не и дал мандат да донесува одлуки кои според него, може во целост да ја изменат безбедноста и карактерот на државата.

Поради тоа, тој почна консултации со парламентарни и вонпарламентарни партии за да се утврди дали постои волја да се распише референдум.

Министрите за внатрешни работи во вторникот одобрија распределба на 120.000 бегалци врз основа на квоти. За таа одлука не постоеше консензус – против беа Чешка, Словачка, Романија и Унгарија.