Ќерка на познат политичар се расправала со поранешниот сопруг и убила две лица
Јулија Киселева (27), ќерка на руски политичар, била осудена на три години затвор бидејќи случајно убила две лица.
Во еден сибирски град, под дејство на алкохол и возејќи со голема брзина, удрила во еден автомобил кој стоел на семафорот. Од казната која ја добила Јулија за сообраќајната несреќа, во која настрадале две лица, се разочарале сите. Нејзиниот татко работел во локалната самоуправа, потекнувала од угледно семејство и поради тоа казната била намалена, па добила само три години затвор.
Киселева на суд изјавила дека била разочарана од нејзиниот поранешен сопруг, па се испијанила и несакајќи предизвикала фатална сообраќајка.
„Плачев, целата се тресев. Нервозна бев по расправијата со мојот сопруг. Од стресот и алкохолот не се саќавам на ништо“, изјавила во судот, жалејќи што убила две лица.
Во нерсеќата настрадале полковникот Алберт Соколов (35) и неговиот пријател Денис Матвеев (33). Семејствата на загинатите не ја прифаќаат донесената пресуда.
„Како може за убиство на двајца невини луѓе да се добие казна од три години затвор?“ кажува ќерката на едниот загинат.
Исто така, адвокатите кои ја бранеле Киселева барале одложување на казната, но сепак пресудата била извршена.
Ново на Сител
-
Нема ризик за безбедноста, државата е во сигурни раце, вели Мицкоски
-
Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба
-
Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна дневница или никој
-
Мао: Кина нема да чека да и бидат загрозени безбедносните интереси
-
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка
-
Папата Франциск ја отвори „светата врата“ во затвор на периферија на Рим
-
Во Азербејџан е ден на национална жалост во спомен на жртвите од вчерашната авионска несреќа