Ќелија на Ал Каеда во Мали прикажа снимка со шестмина странски заложници

Ќелија на Ал Каеда во Мали објави видео снимка со шестмина странски заложници - Австралиецот Артур Кенет Елиот (82), Французинката Софи Петронен, Јужноафриканецот Стивен Макгаун, Романецот Јулијан Гергут, грабнат во април 2015 година во Буркина Фасо, Швајцарската мисионерка Беатрис Стокли, грабната во јануари 2016 година од групата Ал Каеда во исламски Магреб, и Колумбијката Глорија Нарваес Арготи, грабната во февруари 2017 година во Мали.
Овие податоци ги изнесе американскиот сајт SITE, специјализиран за набљудување на џихадистичките и терористички групи.
Хирургот Артур Кенет Елиот и неговата сопруга Џослин Елиот беа киднапирани во Буркина Фасо во јануари 2015 година. Џослин Елиот беше ослободена во февруари 2016 година.
Заложниците беа претставени одделно од маж кој на крајот додаде дека досега немало „вистински преговори за нивно ослободување“, пренесоа француските медиуми.
Мажот на Французинката Софи Петронен изјави дека се надева дека францускиот претседател Емануел Макрон ќе и помогне.
Макрон ноќеска пристигна во Мали да ја поддржи борбата на земјите од групата Г-5 Сахел (Мавританија, Мали, Нигер, Буркина Фасо и Чад) против џихадистичките групи.
Во текот на 2012 гопдина во северниот дел на Мали се појавија џихадисти, поврзани со Ал Каеда. На крајот тие беа потиснати од регионот благодарение на странската воена интервенција, под команда на Франција, која трае и до денеска. Но, некои зони остануваат надвор од контрола на малиските и странските сили и таму периодично се изведуваат крвави напади и покрај потпишаниот мировен договор од мај-јуни 2015 година, потсетуваат француските медиуми.
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
