-->
-->
Ќе започнат предавања по веронаука за деца во „Свети Кирил и Методиј“
-->
Во Соборниот митрополитски храм „Свети Кирил и Методиј” во Тетово ќе започнат предавања по веронаука за деца од 10 до 15 години, информираат од тетовско-гостиварската епархија. Часовите ќе ги одржува отец Илија Деспотовски.
-Со благослов на неговото високопреосвештенство митрополит Тетовско-гостиварски господин Јосиф на верниците им нудиме веронаука за нивните деца. Пријавувањето е во текот на овој месец, а предавањата ќе започнат од средината на февруари. Предавањата ќе се одржуваат во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во текот на целата година и ќе се одржуваат секоја втора сабота или два пати месечно, изјави отец Илија Деспотовски.
Пријавувањето е кај професорот по веронаука отец Илија Деспотовски или во црквата „Свети Кирил и Методиј“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени