-->
-->
Ќе се заштитуваат платановите стебла во Моривис,Општина Зрновци
-->
Здружението на граѓани „Движење за одржлив развој“ од Кочани и компанијата „Фармакем“ од Скопје како национален координатор на Програмата за зачувување на природата во Македонија, потпишаа договор за финансирање на проектот „Заштита и промоција на група платанови стебла во село Мородвис“ во општина Зрновци.
Проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка со 560 илјади денари.
- Проектот ќе го реализираме во период од октомври 2015 до април 2016 година. За почеток изработен е елаборат за ревалоризација на природната реткост со акциски план за нивна заштита, а ќе следуваат и конзерваторски итни мерки за заштита на платановите стебла кои се шест на број во село Мородвис и уредување на просторот околу нив, изјави за МИА Васил Пендевски, претседател на „Движење за одржлив развој“ Кочани.
Платановите стебла во село Мородвис се стари над пет века и претставуваат вистинска реткост на природата во овој дел на кочанската котлина. Проектот е поддржан и од страна на општина Зрновци, која платановите стебла заедно со археолошкиот локалитет Моробиздон ги смести во туристичката понуда на овој крај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Родителите и феноменот „омилено дете“
-
Истражување: Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на веков
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ на трите сестрички од Драчево жртви на семејно насилство од нивниот татко
-
МЗШВ апелира за претпазливост: Зголемен ризик од пожари поради високите температури
-
Од 1 јули стапува забрана за движење во шумите
-
Обвинение за 54 годишник кој пијан ја тепал сопругата со чадор и ја давел
-
Во Јапонија погубен „Твитер убиецот“
-
САД тврдат дека постигнале договор за забрзување на испораките на ретки метали од Кина