Ќе се заменат оштетените реквизити на детските игралишта во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров најави дека ќе изврши замена и поправка на оштетените делови на реквизитите во детските игралишта.
Се планира замена на седиштата од лулашките, а ќе се поправаат и останатите реквизити.
Општината информира дека вакви мерки се превземаат секоја година и оти најпрво ќе се интервенира во Реонскиот парк.
- За жал, во зимскиот период многу реквизити се оштетуваат, а некои ги кршат несовесни граѓани. Не е ретка глетката на детските лулашки да се лулаат и средношколци со кои и чуварската служба тешко излегува на крај и некогаш се повикуваат и полициските патроли на помош, се вели во соопштението.
Општината апелира да не се уништуваат реквизитите, а во училиштата се планираат едукативни часови за заштита и користење на игралиштата.
Од општината информираат дека планира изградба на уште неколку вакви игралишта во урбаните и руралните делови.
Ново на Сител
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
