Ќе се укине забраната за извоз на брашно, залихи има, мелничарите работат одлично
Ќе се укине забраната за извоз на брашно што беше воведена поради вонредната состојба, одлучи денеска Министерството за економија по средбата со мелничарите.
Како што соопшти министерот Крешник Бектеши, одлуката е донесена откако е утврдено дека мелничката индустрија работи одлично во моментов, залихи има и во приватните млинови и во стоковните резерви, а увозот на пченица во целото опкружување е дозволено.
Според Бектеши, одлуката за извоз на брашно веќе се подготвува, а се очекува да биде донесена на следната владина седница.
-Согласно сите податоци, мелничката индустрија работи одлично во моментов. Се отвора простор да ја измениме одлуката за забрана за извоз на брашното која беше воведена поради вонредната состојба, рече Бектеши.
Се потврдува, додаде, дека откако се прогласи пандемија поради коронавирусот, Владата донесе исправни одлуки.
-Немаме проблеми со снабдување со брашно, ниту покачување на цените. Ги заштитивме домаќинствата, потенцира министерот.
Дополни и дека на средбата со мелничарите се разговарало и околу други мерки кои би им овозможиле да бидат по конкурентни.
-Ги следиме сите случувања, посебно со цените и снабдувањето репроматеријали за основните производи. Така и ќе продолжиме за да овозможиме навремено снабдување, квалитет и незголемување на цените, рече Бектеши.
Претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора, Горан Малишиќ, изрази задоволсво од донесената одлука на средбата.
-Имавме правен проблем околу Одлуката, но верувам дека го надминавме. Очекуваме Владата да ги донесе измените најдоцна во понеделник. Залихите се доволни, увозот на пченицата во целото опкружување е дозволено. Во Одлуката се наведени производите, а не суровините поради што се случи блокада, истакна Малишиќ.
Тој претходно, соопшти дека вчера мелничката индустрија рече целосно беше во застој. Нарачки од домашните трговци немала, тие продавале главно српско брашно по повисоки цени зашто Одлуката тоа го дозволувала.
Ново на Сител
-
ДИК: Заврши увидот во Избирачкиот список и регистрацијата на гласачите од дијаспората
-
Ковачевски: Владата подготви закон за рестриктивни мерки, Милошоски да го стави на комисија
-
Трамп: Ако победам, ќе го депортирам принцот Хари доколку лажел на апликацијата за виза
-
ДИК: Црната листа на САД не може да влијае врз претседателската кандидатура на Стевчо Јакимовски
-
Бебе загина во сообраќајка на патот Струмица-Ново Село
-
Приведен дебранец поради агресивно однесување кон полициски службеници
-
Разбиена криминална мрежа во Атина која регрутирала малолетни девојчиња и ги принудувала на проституција
-
Претрес во Скопје, пронајдена дрога и украдени часовници - Приведени три лица