Ќе се укине ли евтината струја?
Деновиве се очекува РКЕ да ја утврди цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат во следниот период. Трите компании, државните ЕСМ и МЕПСО и приватната ЕВН веќе ги доставија своите пресметки на материјални трошоци, по што РКЕ ќе ја утврди новата цена. Според информации на Сител се размислува и за укинување на евтината тарифа, која беше воведена пред околу две години. Од РКЕ велат дека во петок ќе се знае. Тогаш треба да се утврди новата цена за топлинска енергија, која според некои информации ќе се намали.
Цената на струјата од септември ќе се зголеми и во соседна Србија скоро 8%, пренесува српскиот медиум блиц.рс. Зголемувањето на цената на струјата во Србија следи по анализата што ја направи Електростопанството на Србија, по барање на Меѓународниот монетарен фонд, а анализата покажала дека цената на производството на струја е повисока од продажната.
Граѓаните на земјите членки на ЕУ плаќаат повисока цена во последнава година, во споредба со претходниот период. Од 2018 година до средина на 2019 година просечно цената на струјата се зголемила за 1,3%, покажуваат податоците од Еуростат. Според податоците на Еуростат скоро 41 отсто од цената на струјата отпаѓа на даноци. Покрај цената на струјата раст од 1,7 отсто е забележан и кај цената на гасот.
Ирена Чачкова
Ново на Сител
-

Променливо облачно со локален дожд
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
