Loading Video...
Македонија
20. January 2022 - 16:34

Ќе се укинат ли ковид-сертификатите?

По најавите од Израел и Велика Британија, дали и Македонија ќе го остави во минатото задолжителниот ковид сертификат? Микробиологот Никола Пановски прв даде предлог за укинување на оваа мерка која според него нема допирна точка ниту со медицината ниту со епидемиологијата. Актуелната состојба со брзото ширење на омикрон покажа дека не се загрозени само невакцинираните и документот за примени вакцини нема никаков ефект, вели Пановски.

- Јас тоа јавно го зборев ама никој не слушаше. Е сега излезе Борис Џонсон и како приказна на деца кажа – царот е гол, е сега сите да да нема потреба од сертификати. Значи кога не можеш да му помогнеш на човек, не му одмагај со ваква небулозна мерка која нема допирна точка со медицината, вели проф. Др. Никола Пановски, микробиолог.

Светската здравствена организација им препорача на земјите да размислат за укинување на ковид сертификатите а синоќешните најави на Џонсон за укинувањето на рестрикциите наиде на позитивни бурни реакции во британскиот парламент.

-Од 27 јануари носењето маска веќе нема да биде задолжително, нема да биде официјално препорачливо да се работи од дома, а ковид потврдите веќе нема да се бараат за влез во ноќни клубови и одредени поголеми собири, изјави Борис Џонсон.

Дали истото ќе го кажат и македонските власти или пак ќе чекаат и други земји да ги укинат сертификатите, не добивме официјален одговор од Министерството за здравство. Како и Џонсон и микробиологот Пановски предлага од први февруари во училиште децата да бидат без задолжителни маски.

-Доста е од носење на маски, имаа доволно време и баби и деовци и дорители да се вакцинираат. А и омикронот многу побрзо се шири и немаат ефект маските така да не треба да бидат задолжителни, вели Пановски.

Само ако бидат укинати сертификатите и уште десетина други услови можеби Пановски би размислил да се најде како дел од Комисијата за заразни боелсти. А ова советодавно тело кое изминатиот период го немаше во јавноста ќе биде проширено и надградено.

Промените ќе бидат во насока на проширување и дополнување на составот на телото, со нови, професионални, кадри од повеќе области, ни одговорија од Министерството за здравство.