Ќе се реставрира црквата „Свети Спас“ во село Крчишта
Националниот совет за реставрација на Албанија ќе ја реставрира црквата „Свети Спас“ во пограничното село Крчишта, кое некогаш било населено икслучиво со Македонци.
Усвоениот проект од страна на Регионалната управа за национална култура во Скадар предвидува реставрација на конструктивните елементи на црквата.
Овој храм е изграден 1270 година и како споменик на културата под заштита на државата е од 1970 година. Ѕидовите се изградени од камен поврзани со варен малтер. На нив има ретко вредни фрески, но тие се оштетени.
Селото Кришта припаѓа на околијата Пешкопеја, на албанско-македонската граница во близина на Дебар. Повеќето од жителите по падот на комунистичкиот режим се преселиле, главно во Македонија, а дел во други градови во Албанија. Сега таму живеат само неколку македонски семејства.
Пред повеќе од десет години по иницијатива на Левко Радевски од Дебар, а родум од Крчишта, беше обновен покривот на црквата на кој беа поставени и нови греди, влезна врата и е санирана оградата, по што истата од страна на отец Ристо од МПЦ-ОА, кој исто така е по потекло од Крчишта, беше преосветена.
Постарите жители по потекло од Крчишта, кои живеат во Дебар сеуште се погребуваат во гробиштата кај црквата, со свештеник од дебарската парохија, бидејќи во овие албански погранични села нема свештеник.
Некогашните жители Македонци и нивните потомци, како и жители од Дебар, секоја година по повод празникот Спасовден се собираат во дворот на црквата и го одбележуваат денот.
Ново на Сител
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли
-
Албанија и Србија со кандидатура за заеднички домаќин на Европското првенство за млади во 2027
-
Ѓорческа ја елиминира првата носителка на фјучерсот во Трнава
-
Маж нападна жена во Париз и застрела двајца полицајци откако е приведен во полициска станица
-
Макрон и честита на Сиљановска Давкова: Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели
-
ЦУК: Паднато дрво на бул. „Александар Македонски“ во Автокоманда
-
Блинкен: САД се против принудно иселување на Палестинците од Газа
-
Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка