-->
-->
Ќе се реновира плоштадот кај споменикот во Струга
-->

Општина Струга деновиве ќе почне со реновирање на просторот околу споменикот на градскиот плоштад. За реализација на проектот предвидени се околу 2 милиони денари, средства обезбедени од општинскиот буџет.
Портпаролот на општина Струга, Роланд Амзаи денеска информира дека со проектот предвидено е да се намали висината на бетонската платформа, да се направат пешачки патеки кои плоштадот ќе го поврзуваат со улицата, а ќе бидат направени и скали и нови зелени површини.
- Со еден збор, просторот околу споменикот ќе се претвори во атрактивно катче, каде стружани ќе го минуваат слободното време, изјави Амзаи.
Тој појасни дека реновираниот плоштад во Струга ќе биде осветлен и ќе биде пријатно место за претстој и во вечерните часови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
