Ќе се реконструираат улиците Тодор Чангов 20 и Ѓорѓи Капчев 9
Градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски на денешната прес-конференција го најавија почетокот на реконструкцијата на улиците Тодор Чангов 20 и Ѓорѓи Капчев 9, кои се протегаат од булеварот „Февруарски поход“ до Усјанскиот канал.
На овие улици во вкупна должина од 1 километар и 240 метри и широчина од 6 метри ќе се менува целата асфалтна конструкција со санација на пропаднатите места, а ќе се изврши и промена на тампонскиот слој на улиците.
На улицата ќе се задржи постојниот тротоар, но каде што има потреба ќе се направи нов тротоар од 1,5 метри, што значи широчината на улиците ќе биде вкупно 9 метри.
- Вкупната инвестиција за овој проект чини 26 милиони денари, по пола со Град Скопје. Сето тоа се очекува да заврши за 90 дена. Изградбата на овие улици значи зајакнување на инфраструктурата во оваа населба со што ќе се подобри животот на нејзините жители, изјави градоначалникот Коневски.
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа