Ќе се реконструира поранешниот Офицерски дом во Велес

Општина Велес наскоро ќе ја реновира зградата на поранешниот Офицерски дом и ќе се преадаптира во Градска куќа.
- Очекуваме многу брзо во градот да имаме уште еден репрезентативен објект на многу добра локација, од којшто корист ќе имаат сите граѓани и ќе им биде во функција, истакна градоначалникот Славчо Чадиев на денешната презентација на проектот за реконструкција на објектот.
Тој појасни дека проектот е веќе изработен и одобрен. Вкупната инвестиција ќе биде околу 5 милиони денари. Поголем дел од парите односно 3,1 милион денари се обезбедени преку грант од Светска банка, а остатокот се средства од Буџетот на општината.
- Проектот е веќе одобрен и средствата се обезбедени. Потребно е само разрешување на политичката ситуација, по што ќе може да се распише јавен повик за избор на фирма со најповолна понуда, рече Чадиев.
Со одлука на Владата од јуни 2013 година, Офицерскиот дом беше отстапен на трајно користење и стана сопственост на Општина Велес. По неговото превземање од страна на Општина Велес, со проект изработен од стручни лица од ЈКП „Дервен“ хортикултуртурно беше уреден дворот на објектот.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Бадникарски огнови вечерва низ цела држава
-

Бадникарски огнови вечерва низ цела држава
-

По 13-ти пат во Крушево се одржа уникатна манифестација „Дева“ со која се најавува Христовото раѓање
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Залутан куршум е причина за смртта на двегодишното дете на новогодишната ноќ
-

Бугарското МНР употреби фраза „достапен јазик“ наместо македонски, Скопје и Софија разменија остри пораки
-

Двајца возрасни и пет деца со повреди од петарди завршиле на Клинички - дали се потребни поголеми казни?
